За нас

ciklamaЦиклама Инжинеринг е приватна семејна градежна компанија, основана во 1990 година во Гостивар. Основна дејност на компанијата е трговија на големо и мало со градежни материјали, како и изведба на завршни работи во градежништовто.

Екслузивен застапник и дистрибутер е на производите од реномираните производители на градежни материјали: Isomat, Index S.p.A, Tenax, Styropan и од неодамна и на Sika производите.

Циклама Инжинеринг се одликува со екпедитивност и навремена услуга кон своите клиенти. Располага со голем асортиман на производи во својот дистрибутивен центар од каде што врши дистрибуција на материјалите во сите поголеми градови од државата.

За потребите на сегментот малопродажба со свои продавници Циклама Инжинеринг е достапна во Гостивар и Скопје, а покрај нив во Скопје од пред речиси 2 години достапна за контакт со клиентите е и во новоотворениот изложбен салон и канцелариски простор.

Во делот на изведба на градежни активности компанијата успешно се докажува, исполнувајќи ја референтната листа со улога во огромен број на репрезентативни градби низ државата каде што најчесто се јавува како изведувач на специфични сегменти од градењето како што се изолатерски, хидроизолатерски работи, санации како и подополагачки, керамичарски, фасадерски, молерофарбарски работи итн.

За професионалност во изведбените услуги Циклама Инжинеринг редовно посетува и обучува екипи на технички семинари организирани во тренинг центрите на деловните партнери од Грција Италија Србија..

Циклама Инжинеринг е секогаш во чекор со трендовите и новитетите во градежната сфера. Циклама Инжинеринг континуирано се стреми кон проширување на дејноста и вработување на високообразован кадар.

Мисија на компанијата е коректно однесување кон клиентите и задоволување на нивните потреби и барања за пред се квалитетни градежни материјали и услуги.

Мотото гласи: Знаеме како до сигурни технички решенија за секој проблем во областа на градежништвото.

isomat   index
   
 styropan  
SIKA