2. Хидроизолација на подрумски простории
 ИЗОЛАЦИЈА НА ПОДРУМОТ ДОПОЛНИТЕЛНО ОДВНАТРЕ 
Овој метод на хидроизолација може да се применува како кај новите згради (ако надворешната изолација е недоволно ефикасна), така и кај старите објекти. Кај старите згради, основна претпоставка на ефикасноста на нанесување на хидроизолационит систем е неговото нанесување на површини кои се конструктивно способни да го издржат хидростатичкиот притисок, т.е. на темелната плоча и на носечките ѕидови. Поради тоа претходно треба да се отстранат сите облоги од нив (малтери, плочки и сл.). Доколку подрумскиот простор е поплавен, контактирајте ја нашата техничка служба заради детални упаства.
 izolacija_na_podrum_odvnatre.png